23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

За една недела казнети 289 возачи за непрописно паркирање во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција во изминатите седум дена санкционирале 289 возачи за непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 22.07. до 28.07., со помош на специјалните возила ‘пајак’ на ЈП ПОЦ отстранети се 135 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство ‘блокатор’ санкционирани се 154 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопшти ПОЦ.

Од таму велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.