Centar.mk
КУЛТУРА

Секој месец 150 семејства во социјален ризик добиваат прехранбени пакети

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, во склоп на проектот ,,Нула Глад“, денеска поделија прехранбени пакети на лица од 150 семејства со висок социјален ризик, кои живеат на територија на Центар.

Оваа активност се спроведува по шести пат во рамки на Националната акција „Нула глад“, во соработка со здружението Банка за храна. Целта е да се обезбеди храна и да се олесни секојдневието на семејствата на кои најмногу им треба помош.

Пакетите се делат секој месец, на лица од семејства со висок социјален ризик. Секој пакет содржи прехранбени производи за еден месец, односно 25-30 оброци од пакет.

Можеби ќе ве интересира

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК

„А“ – самостојна изложба на Олгица Антовска: водата како духовна инспирација

ДЕСК

Почина познатиот актер Кирил Поп Христов – Кили

ДЕСК