10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Велковски: Со домаќинско работење ги санираме штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Очиледна е разликата меѓу криминалниот и расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ, рече претеникот Диме Велковски на денешната прес-конференција на која зборуваше за економските мерки на владата.

„Денес владата презема мерки што се во интерес на економијата и граѓаните. Со социјалната реформа, социјалната помош за граѓаните порасна до 300 отсто. Минималната плата порасна на 12.500 денари и таа е иста за сите, вклучително и за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Решен е проблемот на стечајните работници. Денес, над 10.000 стечајни работници добиваат месечен надоместок од над 7.500 денари“, истакна Велковски додавајќи дека растот на БДП изнесува 4,1 отсто.

Тој нагласи дека СДСМ како одговорна партија останува посветена на реализација на мерките што носат економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.

Спонзорирано: