Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Русин тешко повреден во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

На магистралниот пат Штип-Радовиш кај селото Лакавица на 28 јули се случил сообраќаен инцидент во кој „мерцедес“ управуван од 65-годишен Украинец, со живеалиште во Радовиш, излетал од патот.

Притоа, возачот и 63-годишен Русин кој патувал како сопатник во автомобилот, а исто така со живеалиште во Радовиш, биле пренесени во болница во Штип каде им била укажана лекарска помош.

Кај Украинецот биле констатирани телесни повреди, додека Русинот бил потешко повреден.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +