12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Град Скопје објави анкета за предлози за имиња на улици, плоштади и паркови

Град Скопје денеска објави анкета за предлози за нови имиња на улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти.

За таа цел објавен е онлајн прашалник (https://skopjelab.typeform.com/to/tyGGmL) преку кој на граѓаните им се овозможува да ги испраќаат своите предлози за топоними преку интернет, со одговарање на неколку прашања што одзема не повеќе од 5 минути. Прашалникот ќе биде отворен до 18 август.

Оние граѓани што не користат интернет своите предлози со кратко образложение можат да ги испратат преку пошта на следната адреса: Град Скопје, Совет на Град Скопје, бул. Илинден, бр. 82, најдоцна до 18.08.2019 година.

Согласно со Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, имињата на градските топоними „можат да бидат определени со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и име на значаен настан и датум, врз основа на листа на имиња“.

Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје.

Граѓаните ќе имаат можност да предлагаат само имиња на топонимите, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња. Во едно населено место две и повеќе улици не можат да имаат исто име. Името на топонимот не може да има повеќе од четири збора.

При составувањето на оваа листа Комисијата ќе води грижа за застапеноста на предлог имињата кои означуваат личности и настани од значење за историјата, културата и науката на граѓаните кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Спонзорирано: