Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: За неполн месец над 44 милиони денари назад кај граѓаните со мерката Мој ДДВ

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати.Тече реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните, соопшти СДСМ.

„Проектот „Мој ДДВ“ кој започна на 1 јули оваа година дава одлични резултати. Според последните информации на УЈП, за 24 дена од поставувањето, апликацијата ја имаат преземено околу 135.000 лица, а при тоа скенирани се над 5 милиони фискални сметки.

Вредноста на скенираните сметки е над 2,5 милијарди денари, а пресметаниот ДДВ за враќање на граѓаните е над 44 милиони денари. За првпат државата враќа пари директно кај граѓаните на нивните трансакциски сметки.

Ако претходно граѓаните имале само давачки кон државата , денес со водење на одговорни економски политики придобивките се двострани, добиваат и граѓаните и државата.

Со повратот на 15 отсто од платеното ДДВ, секое семејство на крајот на годината добива приход плус. Според проценките на крајот на секоја година, околу 50 милиони евра ќе завршуваат кај граѓаните.

Од друга страна, на овој начин се поттикнува намалување на сивата економија и даночната евазија. Наплатата на ДДВ за првите шест месеци, вклучително и деновите од јули е зголемена за 6,6 проценти.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што носат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“ соопшти партијата.

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК