10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Провизии, ендеци и хилти беа главните криминални методи на ВМРО-ДПМНЕ

Бели дворци, талири, провизии, ендеци и хилти беа главните криминални методи од времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, убаво спакувани во пропаганда и национализам, реагира СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој обвини дека СДСМ и Заев сакаат да го прикријат криминалот на Јанева, зошто и тие се вмешани во „Рекет“.

„За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога не се постапуваше, не се покренуваа случаи против режимот и кога требаше народ да се крене против корупцијата, денес постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција. Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот“ велат од СДСМ.

Спонзорирано: