Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

И утре невреме – УХМР со нова најава

Времето утре во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Попладне ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степен.

Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК