Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Детали за приведувањето на цариниците – извршени се претреси, а пронајден е и кеш

Секторот за професионална одговороност – Одделение за внатрешни истраги при Царинска управа на РСМ, во соработка со СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за Економски криминалитет, постапи по пријавено кривично дело по чл.357 од Кривичниот законик на РСМ “Примање поткуп” од страна на царински службеници на граничниот премин Табановце. Двајца царински службеници се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имено, на 28.07.2019 во 03:00 часот примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на ГП Табановце при влез во Република Северна Македонија, по што, од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од с.Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце пронајдени се 1670 евра и 190 швајцарски франци.

Можеби ќе ве интересира

ПОПЛАДНЕВНА НЕВОЛЈА НА НЕБОТО: Локално можни пороен дожд, силен ветер и град

ДЕСК

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол

ДЕСК

СДСМ организира Меѓународна конференција „Скопска иницијатива“

ДЕСК