17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не прифаќаме Јанева да биде унапредена, обвинителите да се вратат во матичните обвинителства

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека законот кој го предлага СДСМ, не е во интерес на бробата со криминалот и корупцијата туку со цел да се пресмета со политчките неистомисленици и воедно да ги амнестира од одговрност политичарите од врхушката на СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо, како што рече, шефицата на СЈО да биде унапредена во новото обвинителство за гонење криминал и висока корупција, ниту пак е прифатливо решението обвинителите и истражителите да се префрлат во новото обвинителство.

“Никогаш нема да прифатиме Катица Јанева за која има индиции дека е вмешана во случајот „Рекет“, да биде унапредена со две скали повисока функција. Сите обвинители треба да се вратат во матичните обвинителства. Освен тоа потребна е детална истрага за срамниот случај „Рекет“, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, нејзината релација со осомничените и определени псевдоними, истрага и за директната или индиректна вмешаност на сите обвинители кои беа нејзини помошници. Од друга страна оваа решение ги става во нееднаква позиција другите обвинители кои чесно работеле, наспроти привилегираните. Обвнителите треба да се бираат транспарентно, на распишан конкурс, на кој може да се пријават сите кои се сметаат за квалификувани“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ предлага предметите кои се започнати од СЈО да ги преземе државното јавно обвинителство и да ги распредели на соодветно ниво.

„ВМРО-ДПМНЕ се залага сите тие предмети кои што се во доказна постапка, или во фаза на распит на сведоци, или завршни зборови, да ги преземе државниот јавен обвинител и да ги прераспредели онаму каде припаѓаат“ рече Мицкоски.

ВМРО го повика и државниот обвинител Јовески по допрен глас да отвори постапки, затоа што тоа законот му го дозволувал.

„Го повикувам државното обвинителство да отвори истраги за најмалку 10 предмети по допрен глас, за кои има индиции за криминал. Не е важно кој е инволвиран од која политичка структура, корупцијата да се истражи до крај“ порача Мицскоски.

Коментирајќи го предлогот на СДСМ со кој се предвидува финансиска независност само на новоформираното обвинителство, Мицкоски рече дека тоа е навреда за останатите обвинители од државното обвинителство . ВМРО-ДПМНЕ предлага финансиска независност на целокупнато државно обвинителство со издвојување на 0,8 до 1% средства од буцетот на СРМ.

Спонзорирано: