13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Најава за учество на универзитетска карате репрезентација на Северна Македонија која ќе настапи на Европските универзитетските игри на боречки спортови во Загреб, Хрватска

Селекторот на Универзитетската карате репрезентација на Северна Македонија, Д-р Бошко Заборски, пред заминувањето на 10 дневни подготовки кои ќе се одржат во Бар и Сутоморе, го објави списокот на каратисти/ки, кои ќе учествуваат на европската боречка универзијада.

Список на каратисти/ки кои ќе не преставуваат на Европските универзитетски игри на боречки спортови е следен:

Во Женска конкуренција борби избрани се следните каратистки:

1. Сара Радичевска -50 кг
2. Симона Заборска -55 кг
3. Моника Пендаровска -61 кг
4. Анѓела Мојсовска -68 кг

Во дисциплината екипно борби (кумите) за жени тимот ќе биде составен од: Симона Заборска , Сара Радичевска, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска.

Во машка конкуренција поединечно борби ќе не преставуваат:

1. Горан Николовски -60 кг
2. Давид Петков -67 кг
3. Петар Заборски -75 кг
4. Петар Спасеновски -84 кг
5. Роберто Ацковски екипно борби

Во машка конкуренција борби екипно (кумите) составот е следен: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Роберто Ацковски, Давид Петков, Горан Николовски, додека во дисциплината КАТИ поединечно за мажи ќе настапи каратистот Фери Исиќ.

Бошко Заборски за ова првенство изјави: „Нашите каратисти кои се студенти во континуитет освојуваат медали на универзитетските првенства, ние и сега имаме добар тим и со планираните подготовки кои ќе ги реализираме во Бар и Сутоморе се надеваме дека подготвеноста ќе ја подигнеме на задоволително ниво и ќе имаме добри настапи и борби и на овој силен натпревар. Нашиот тим во своите редови го има актуелниот европски универзитетски шампион Петар Заборски во машка конкуренција и Сара Радичевска која исто така е европска шампионка од последното европско првенство кое се одржа во Брага. Исто така очекуваме добар резултат од женскиот тим во борби, тие на последната универзијада беа финалистки и освои сребрен медал. Затоа со право се надеваме дека и на оваа универзијада ќе имаме успешен настап“ – заврши Заборски.

Во Загреб, главниот град на Хрватска, од 31 јули до 4 август, ќе има 1300 учесници од 400 универзитети и 35 европски земји, ова е прво вакво издание на четирите европски шампионати што се одржуваат како еден настан на универзитетско ниво и тоа го прават најголемиот настан во календарот на ЕУСА за 2019 година. Студентскиот дом “Стјепан Радиќ” (Сава) ќе биде спонзорско село за сите гости кои ќе се натпреваруваат во четири боречки спортови карате, таеквондо, џудо и кикбоксинг.

Спонзорирано: