24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Како власт покажавме дека за нас криминалот не познава партиски бои

Мицкоски побегна од лидерска средба, но од правдата нема бегање. Тој нема да може да го одбрани криминалот на Никола Груевски, вистинскиот негов шеф, се наведува во соопштение на владејачката СДСМ.

Од оваа партија додаваат дека од кога се на власт покажале оти за нив криминалот не познава партиски бои.

„Новиот предложен текст на Законот за Јавно Обвинителство е уште една потврда за тоа. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот, а СДСМ бескомпромисно се бори против криминалот и корупцијата“, стои во соопштението.

Во него се додава дека сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжат и нив ќе ги застапува новото ЈО.

„Одговорност за сите овие предмети ќе има. Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот“, истакнуваат од владејачката партија додавајќи дека секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата.