Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Опозициски портали со многу лажни вести за Катица Јанева, откриена уште една “фејк њуз” во врска со нејзината здравствена состојба

Шпекулации биле натписите дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева правела операција за слабеење со вградување прстен за подврзување на желудникот, јавува Либертас.

Според порталот, специјалната обвинителка која деновиве е на мета на медиумите откако најави оставка дента кога беше уапсен Боки 13 во случајот „Рекет” за изнуда на пари, не направила операција за слабеење.

Катица Јанева и СЈО на чуден начин станаа мета на портали блиски на опозицијата, кои преку лажни вести соопштуваат информации од истрагата, кои не се точни.

Претходно порталите објавија дека таа е приведена и дека е извршен претрес во нејзиниот дом, дека вртела по телефони пред да и биде одземен мобилниот телефон, што подоцна беше жестоко демантирано од надлежните институции.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК