Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Падот на Владимир Панчевски – „сиромавиот милионер“ меѓу судиите

фото Facebook

Падот на Владимир Панчевски – „сиромавиот милионер“ меѓу судиите
„Сиромавиот милионер“ меѓу судиите како што во еден текст го наслови неделникот Фактор поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје Владимир Панчевски денеска преку својот фејсбук профил се пожали дека како „партал“ бил избркан од канцеларија во судската зграда. Владимир Панчевски во изминатите години ги полнеше медиумите и често се наоѓаше на насловните страни на весниците, пренесе 24инфо.

Сега веќе суспендираниот судија стана позвучно име за граѓаните во ноември 2016 година кога влезе во конфликт со тогашниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски. Панчевски како претседател на Кривичниот суд со дел од членовите од неговото семејство, изгради дивоградба од 560 квадрати на два нелегални ката, иако постоело одобрение само за реконструкција и санација на фасадата на зградата во центарот на градот. Неговата поврзаност според чаршиските муабети со тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ му даваше сила дека ќе го истера бизнисот до крај, но на крај дивоградбата беше срушена.

По уривање на дивоградбата Панчевски го стигна кривична пријава од колега судија за влијание врз судиско одлучување. Поднесената кривична пријава од судијата Илија Џолев воедно претставува и прв случај во кој судија гони судија. Панчевски беше осуден и за мобинг во септември 2017 година по тужбата што ја поднесе против него Горан Стаменковски, поранешен раководител на Одделот за човечки ресурси во овој суд.

Тој беше споменуван и во дел од бомбите на СДСМ за кои изјавуваше дека „притисок и корупција во Основниот суд Скопје1 нема“ и дека тој е само мета на споменатата партија. Наспроти ова, правните експерти го обвинуваа дека работи под диктат на сегашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ.
Брзо потоа Панчевски западна во нов скандал во кој ги снимал обвинителите на СЈО со тајна камера во неговиот дом. Уште полошо за тоа сам се пофали на порталите блиски до тогаш владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Сакајќи да се оправда од товарот на обвиненијата самиот ја објави видео снимката за која велеше дека е доказ за криминалот и подметнувањата со кои се служи СЈО.
Против Владимир Панчевски има и постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција односно местење предмети кај подобни судии додека бил на чело на скопска единица со злоупотреба на АКМИС системот. Токму за ова на почетоков на месецов Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог.
Инаку, неговата имотна состојба е навистина богата. Поседува девет стана, луксузен автомобил и пари во банка, по сефови и неколку штедни книшки.

Во тренд…