Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Манасиевски: Јанева за неполни четири години има земено приближно 150.000 евра

Катица Јанева за неполни четири години од раководењето со СЈО има земено приближно 150.000 евра од парите на граѓаните како плата, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќето од граѓаните толку пари немаат видено за целиот свој живот, но и тоа е малку за ликови како Јанева, па истите тие се инволвирани во рекетарски скандали со функционери и јавни личности од СДСМ. Катица Јанева исчезна. Ни за 150.000 евра не чувствува одговорност пред медиумите и граѓаните. Си отворила боледување, а се пишува дека заминала од Македонија“, рече тој.

Тој ѝ остави чанта со лажни пари на Јанева пред вратата на СЈО.

„За нејзино што побрзо враќање и оздравување, во име на граѓаните, на Катица Јанева ѝ оставаме чанта од Луј Витон. Не е баш оригинал какви што си купува нејзиниот пријател Боки 13, но се наоѓа на пазарите во Македонија. Прочитавме дека нејзините драги лица ги обожаваат овие чанти, а особено кога се наполнети со милиони евра. Се надеваме дека таа ќе побрза да дојде да си го подигне подарокот. Патем, чантата не тежи многу и во неа нема пари, туку само парчиња безвредна хартија со ликови на оние за кои се зборува дека се вмешани во рекетот“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК