Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Целосно е реновиран третиот кат во хируршката болница „Св. Наум Охридски“

Заврши првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (старата градска болница), информира Министерството за здравство.

Од таму велат дека третиот кат, каде што се сместени одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија, е целосно реновиран.

Во моментот се реновираат првиот и вториот кат. На првиот кат сместено е одделението за урологија, а на вториот сместен е одделот за дигестивна хирургија. Поставен е и нов лифт за да се одвива непречено работата во болницата.

Можеби ќе ве интересира

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО СОБРАНИСКА ДЕБАТА – Дезинформациите и вештачката интелигенција пред пратениците

ДЕСК

ПЛАТИТЕ ВО ОДБРАНАТА ВО ФОКУСОТ – Мисајловски денеска ќе ги претстави плановите за зголемување

ДЕСК

Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија? – прашаа од СДСМ

ДЕСК