Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Костадинов на прес го разоткри планот на Христијан Мицкоски

Интегрален текст од Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ:

Со неуспешно алиби и крајна неодговорност, Христијан Мицкоски, е во нов обид да го блокира напредокот на земјата и реформите.

Фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски, Мицкоски решил да не доаѓа на лидерската средба.

Има забелешки за попис а не доаѓа да разговара зошто сака земјата да остане без попис – практично ги повторува истите политики на неговиот шеф, Никола Груевски.

Старото, криминално крило на ВМРО-ДПМНЕ не сака земјава рамномерно да се развива.

ВМРО-ДПМНЕ сака 18 години да бидеме без попис на населението.

Мицкоски е против правдата.

Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога има линк помеѓу граѓаните, обвинителството и МВР за заштита од корупција и криминал, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство.

Со половина уста бара предвремени избори, а знае и не сака да зборува за подобрување на изборниот законик.

Мицкоски се моли избори да нема затоа што и самиот е свесен дека изборите ќе ги изгуби, исто како што ги изгуби претседателските и предвремените локални избори, во Ново Село и Охрид.

Мицкоски бега од лидерска. Мицкоски бега од реформи. Мицкоски и штети на државата. Мицкоски работи против датум за преговори за членство во ЕУ.

Единствената работа за која што силно се грижи е одбрана на криминалот на Никола Груевски, кој е всушност и вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На Христијан Мицкоски повторно му порачувам, дека на неговите блокади, неговите антидржавни дејствувања и активности нема да успеат.

Напредокот на Република Северна Македонија и граѓаните ќе продолжи, со него или без него.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК