10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ванхауте: Да се прекине со шпекулациите за СЈО, политичарите потфрлија

Поранешниот посредник на ЕУ за решавање на политичката криза во земјава, Питер Ванхауте на Фејсбук напиша дека читајќи за она што се случува во СЈО може само да заклучи оти владеење на правото „оди со голема брзина во надолна линија“. Тој порачува што и да се случило во СЈО, важно е да се прекине со шпекулациите и да се дозволи јавното обвинителството да ја заврши својата работа. Доколку, според него, има злоупотреба на моќта, луѓето кои бил вмешани треба да бидат осудени.

„Но, запрете со гласините! Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова одеднаш доаѓа на површина? Кој стои зад тоа? Дали Катица Јанева веројатно допре до одредени луѓе кои веруваа дека се недофатливи и над законот? Како одговор на прашањето “кој има интерес за тоа да се случи”, можам да дадам долга листа со имиња, но тоа нема да и помогне на земјата да оди напред. Сепак, едно е јасно: политичарите целосно потфрлија“, напиша Ванхауте на Фејсбук.

Што и да се случи, според Ванхауте, истрагите за прислушуваните разговори мора да продолжат и сите кои биле инволвирани, вклучително и поранешниот премиер Никола Груевски, треба да бидат соодветно гонети и евентуално осудени. Тој порачува и дека ЕУ и унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да бидат свесни оти не можат на таква личност да и дадат азил, а во исто време да бараат Северна Македонија да го почитува владеење на правото.

Спонзорирано: