8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ристоска: Дејствувањето на поединци не го карактеризира дејствувањето на СЈО

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска денеска со прес-конференција по апсењето за случајот „Рекет” и шпекулациите за вмешаност на Катица Јанева. Таа вели дејствувањето на поединци не го карактеризира дејствувањето на СЈО, односно цела институција.

– Да се почитува правилото на пресумпција на невиност. Се придружуваме на повикот на јавниот обивнител, секој засегнат од криминалитет, да пријави и тоа да се истражи. Отворени сме за соработка со колегите и ќе помогнеме, вели специјалната обвинителка.

Според неа, не смеат да се доведат во интегритет постапките и работата на СЈО, па се надева дека ќе има осудителни пресуди кои се во рамки на постапки.

– Се надеваме дека работата на СЈО ќе биде примарен мотив кога ќе се одлучува за судбината, бидејќи покажавме дека борбата со корупцијата посебно високата е возможна, а тоа треба да се земе во предвид. Се оградуваме од сите политички контексти, па се надеваме дека интересите на државата партиите ќе ги стават пред дневно политичките, вели таа.

Ленче Ристоска вели дека не стапила денеска во контакт со Катица Јанева и дека не биле информирани претходно за оставката.

Спонзорирано: