12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ кон Димоски: Разликата е во тоа што Заев призна искрено, а Никола Груевски кој беше предмет на измама од Субрата Рoј ниту призна ниту кажа, требаше 20 илјади крави да бидат во Овче Поле, требаше Лас Вегас во Љубаништа да биде и ништо од тоа не се случи

Премиерот Заев беше предмет на една измама на двајца измамници, манипулатори на ширачи на лажни вести, излезе тоа јавно го кажа, го призна и во ниту еден момент не откри никаква тајна, ниту пак дозволи на ниту еден начин да биде загрозен интересот на државата, се бореше и се уште се бори за интересите на МПЦ, се уште се бори за интересите на нашето членство во НАТО и ЕУ, се уште се залага за мир истабилност во регионот, објасни Бојан Маричиќ, советник на премиерот Зоран Заев, вечерва во дебатата на ТВ 24.

– Суштинската разлика е тоа што ние отворено и јавно признавме и работиме на исправање на овие грешки кога премиерот на господинот Илија Димовски, Никола Груевски кој беше предмет на измама од Субрата Рoј ниту призна ниту кажа, требаше 20 илјади крави да бидат во Овче Поле, требаше Лас Вегас во Љубаништа да биде и ништо од тоа не се случи. Тоа е класична измама и ништо од тоа не беше признаено во јавноста. Причината е само една затоа што Гуревски и Ставревски беа дел од измамата и дел од измамниците, тоа е суштинската разлика кога се случува измама во оваа ситуација во случајот на премиерот Заев и во случајот на гарнитурата на Господинот Димовски, му рече Маричиќ на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски.

Спонзорирано: