12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев – Пломп: Северна Македонија напредува, се решаваат важни прашања за државата и граѓаните

Северна Македонија бележи сериозен напредок во последните две години, било нагласено на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп.

Како што соопштија од владината прес-служба, меѓу постигнувањата се посочени отвореноста за решавање важни политички прашања, како што е преспанскиот договор, како и во делот на почитувањето на човековите слободи и права.

„Сега сме насочени, придобивките од интеграцискиот процес во НАТО и исчекорите кон ЕУ да ги почувствуваат граѓаните како економски бенефити. Во претстојниот период ќе се посветиме на нов раст на платите и пензиите, како и поголема поддршка на инвеститорите и претпријатијата, за да придонесеме кон економскиот раст во државата“, рекол Заев.

На средбата било разговарано за важноста и за чекорите што се преземаат за имплементација на реформите во правосудството.

На состанокот заеднички било потврдено големото партнерство и пријателство помеѓу двете држави, кое, како што било констатирано, има голем отворен простор да продолжи да се унапредува на билатерален и економски план.

Спонзорирано: