Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Социјалдемократите меѓу граѓаните

Денеска со почеток во 17.00 часот, членот на Централниот одбор на СДСМ, Горан Сугаревски, придружуван од Звонко Пекевски и Зоран Китанов ќе бидат со граѓаните на Берово.

Предвидена е маалска средба со граѓаните на селото Двориште во Берово, каде Сугаревски ќе разговара со граѓаните а ќе има и свое обраќање.

Потоа, по 18:30 часот, Сугарески ќе биде со граѓаните на Берово.

Средбите со граѓаните се дел од активностите на партијата во летниот период, во рамки на новиот систем на делување.

Како што најавивме, тимови на СДСМ на централно и локално ниво, придужувани од партиски носители на функции, советници, нашите градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните ширум републиката., велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК