23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицотакис ќе се соочува со тешки предизвици

Тешки одлуки го очекуваат новиот премиер на Грција, доколку тој планира да ги одржи ветувањата кои ги даде пред предвремените парламентарни избори минатата недела.

Киријакос Мицотакис, лидер на централно-десничарската партија Нова демократија, даде заклетва откако беше избран за нов премиер во понеделникот. Тој е следбеник на Алексис Ципрас, лидерот на левичарската Сириза која повика на избори во мај, откако беше поразена во европски и општински избори.

Иако Мицотакис доаѓа на функцијата во земја која полека излегува од економска криза, тој сепак ќе се соочи со многу предизвици.

Грција излезе од рецесија и постигна пораст од 2%, но за време на економската криза бруто домашниот производ на земјата падна за 25%.

Во својата кампања Мицотакис даде ветување дека ќе ги намали даноците, ќе направи реформи во бирократијата и ќе создаде економија поволна за инвестиции.

Другото прашање важно за Грција е невработеноста, која е намалена од 28% во екот на економската криза на 18%, но сепак Грција останува земја со една од највисоките стапки на невработеност во Европа.

Во врска со надворешната политика, Мицотакис го осуди договорот со кој Северна Македонија го смени името, додека Атина се противеше земјата да стане член на НАТО и ЕУ.

Иако овој договор се здоби со меѓународна популарност, сепак во Грција не беше одобрен од јавноста и опозицијата, па така Мицотакис вели дека тој ќе направи промени во делот каде Атина ја прифаќа македонската националност и јазик./Мак факс