Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонската полиција ги покажа своите способности на дело: Во голема спасувачка акција во која беа вклучени и хеликоптери успешно се спасени двајца парагладејристи кај Галичица

Голема и успешна спасувачка акција на Македонската полиција.

Специјалците на МВР спасија маж и жена, параглајдеристи кои според неофицијални информации на Centar.mk паднале на планината Галичица од албанска страна.

Полицијата, како што дознава Centar.mk од свои извори, веднаш стапила во контакт со своите колеги од Албанија, и во заеднички договор е испратен македонски хеликоптер на МВР и припадници на единицата за специјални задачи кои ги спасиле и извлекле параглајдеристите.

Тие се однесени во болницата Свети Еразмо во Охрид, дознава Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК