Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

На Алјаска измерени рекордно високи температури

Температурата на меѓународниот аеродром во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, достигна рекордни 32,22 степени во четвртокот, на Денот на независноста на САД.

Највисоката температура во овој град претходно е измерена на 14 јуни 1969 година и изнесувала 29,44 степени, информира Боб Клеј од Националната метеоролошка служба.

Тој додаде дека просечната температура за јули во Енкориџ е 23,89 степени.

Како што пренесе „АП“ на три локации во Алјаска биле забележани во четвртокот рекордни температури, што експертите го препишуваат на климатските промени.

Можеби ќе ве интересира

ПОВИСОК СТУДЕНТСКИ ОБРОК И ПОПУСТ ОД 20 ПРОЦЕНТИ – Јаневска најави нов модел за студентите од 2027 година

ДЕСК

Филипче: Скандал, Мицкоски самиот призна дека нарачува лажни текстови и црни кампањи по медиумите

ДЕСК

ТРИПАТИ СЕ ОБИДЕЛА ДА ПЛАТИ СО ЛАЖНИ 50 ЕВРА – Кривична пријава против тетовка

ДЕСК