25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Критичари на батерии и патриоти по потреба: Каде бевте во 2012 кога химната беше скратена на само 45 секунди пред дузина владини претставници?

Дека химните, често се интонираат во согласност по скратена временска рамка доказ е и следното видео, кога пред дузина македонски претставници на Владата, тогаш предводена од денешниот бегалец од правдата Никола Груевски и во време кога режимот на ВМРО ДПМНЕ беше најсилен, а национализмот беше користен како алатка за зацврстување на партискиот рејитнг, Македонската химна беше интонирана само 40-тина секунди пред највисоки Владини претставници на Македонска територија.

Овој настан немаше да остане забележан до ден денес имајќи во предвид дека скратувањето на химните на многу земји се во согласност со временската рамка и се практика. Скратувањето на химната стана тема откако платените експерти и патриотите кои останаа без членувања во управни одбори и функции почнаа канонада врз македонската евровизиска претставничка Тамара Тодевска која ја отпеа Македонската химна во скратена верзија, за што потоа беше доблесна и се извини.

Во 2012 година на 100 годишнината од Кумановската битка кај Спомен-костурница на ридот Зебрњак — монументално и триумфално спомен обележје кое е подигнато во слава и чест на загинатите српски војници во текот на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912 година беше отпеана во скратена форма и македонската и српската химна.

За жал критичарите на батерии и патриотите по потреба ги немаше тогаш, а медиумите блиски до денешната на опозиција кои денес се финансираат со пари од компании од сомнителни Унгарски компании, но и компании осомничени од Специјалното јавно обвинителство за сериозни кривични дела тогаш молчеа.

Замислете што ќе му се случеше во таа црна 2012 година на некој што јавно ќе проговореше за ваквото скратување на химната пред пола тогашна “патриотска” Влада? Сигурно ќе имаше “пиштење-вриштење” како што вели еден лик осомничен од СЈО. Впрочем и дознавме многу вистини во “бомбите” на Заев, што ги снајде критичарите на тогашната власт.

Сепак на крај и од сите нас зависи дали на ликовите од бившиот режим ќе продолжиме да им даваме сила и ќе им дозволиме да креираат Диктатура 2.0, надградена и проширена со казни, закани, уцени, криминал, корупција, медиумски молк… Затоа што тие едвај чекаат да се вратат и со “долгата рака” да ја довршат работата што беше ја започнале во 2006-тата.

Целата снимка од настанот каде присуствуваше половина Влада: