14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

И се нафрлија на Тамара како волци затоа што заборавила стих, а тие се ежат кога ечи рефренот “Ниту Гоце Делчев, ниту Даме Груев, туку Тодор Александров…”

Деновиве сме сведоци на вистинска канонада од страна на опозицијата и опозициските медиуми за секој чекор на Владините претставници, но и настаните кои се организирани од про-западните демократски сили во земјава.

Погрешно знаменце на држава, неовластено снимен разговор или пак заборавена строфа од македонската химна. И се’ е во ред, со оглед дека во време на режимот на ДПМНЕ беше невозможно некој да гукне ниту за ваква работа, ниту пак за милионските криминали, уцени, закани, уништување на човечки судбини преку монтирани случаи, процеси, но и медиумски извештаи како и целиот ужас без крај кој беше приредуван од ден да ден во тоа од црно најцрно мрачно 11 годишно режимување со Македонија, затоа што токму секој што ќе се обидеше да ја “поправи” власта или ќе беше поткупен или ќе беше уништен. Да се потсетиме дека во време на режимот сите кои што мислеа поинаку и тоа го искажуваа јавно се соочија со јавен линч од страна на медиумските мегафони платени со државни пари. Се случуваше вистинска хајка која на крај ќе завршеше со кршење на храбрите поединци или нивно апсење преку местени случаи.

Зошто грешката беше ненамерна?

Тамара ги отпеа и стихот “Македонците се борат за своите правдини”, што само по себе го сузбива обвинувањето на опозицијата дека е извршен удар врз македонските национални интереси, со оглед дека еве да влеземе во нивен филм, Тамара во својот настап ја зацврстува позицијата на МАКЕДОНЦИТЕ.

На крај, овие обвинувања на опозицијата, опозициските медиуми и платените експерти ќе имаа ронка кредибилитет, и немаше да биде проблем доколку токму таа иста опозиција не се ежи кога ечи сомнителната и нивна неофицијална химна “Нешто ќе те питам бабо”, каде токму Гоце Делчев и Даме Груев се потценети, во корист на сомнителниот контраверзен лик од историјата Тодор Александров, кој се сметал и се чувствувал за чист бугарин. Химната која гласно и јасно ги потценува и ги става во втор план македонските херои од историјата Делчев и Груев беше главен декор на сите митинзи на опозицијата, па дури и во здружениот напад врз парламентот на 27-ми април,а ја гледавме и сласта со која раководството на опозицијата во изведувањето на оваа химна. Барем малку од таа сласт со која се гордеат величејќи го контраверзниот Александров, потценувајќи ги Гоце Делчев Даме Груевски да ја имаа кон македонската химна “Денес над Македонија” ќе можеше да им се подаде рака, и ќе и им речевме Да дечки, во право сте!.

Спонзорирано: