Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме зафати делови од Македонија – УХМР со метео предредување

Денес во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. УВ=8

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со локален пороен дожд, засилен ветер и грмежи. T= 35 °C, P= 981 hPa, U= 45 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Утре претпладне се најавува сончево време, во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. УВ=8

Претходно како што објавивме, краткотраен град го зафати Скопје

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК