21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде вонредно метео предупредување: Подгответе се за вистински пеколни летни денови, а потоа големо невреме

Под влијание на топол бран утре и во среда максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените.

Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 03.07.2019
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 33°С до 40°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во северните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. УВ=9

Прогноза за 04.07.2019
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 05.07.2019
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Спонзорирано: