10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ “распали” по ВМРО ДПМНЕ

,,Нов ден, нова лага од кујните на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Лажните вести остануваат единствениот начин на делување на опозициската партија. Официјалните податоци од Министерството ги демантираат лажните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ дека бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесува 3500, туку е далеку помал и изнесува 1387 тужби”, соопшти СДСМ.

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ направи вистински хаос во МВР, тие се навикнати на злоупотреби на институциите и за нив тоа е единствен начин на функционирање. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против најавениот ветинг во полицијата.

,,ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за професионални институции и правна држава, тие се симбол на режим и злоупотреби на институциите.Откако СДСМ ја предводи Владата, за само 2 години почна да се враќа угледот и довербата во МВР, полицијата е професионализирана и работи во служба на законите и во интерес на граѓаните.Министерството за внатрешни работи наследи официјална статистика според која граѓаните имаа само 23 отсто доверба во полицијата, а денес по спроведените реформи довербата драстично се е зголемена и изнесува 75 отсто. ВМРО-ДПМНЕ е заробена во сопствените црнила и криминалната матрица на Груевски и не може да се помири дека МВР функционира професионално, нуди безбедност и сигурност за граѓаните.Нема повеќе МВРО-ВМРО”, се додава во соопштението.

Спонзорирано: