Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Аирлија нова владина мерка: Од денес чувајте фискални сметки, државата ќе враќа до 30.000 денари ДДВ просечно за едно семејство

Од денес стартува повратот на ДДВ од 15 проценти.

Од владејачката партија преку соопштение велат дека повратот на 15 отсто е уште една потврда дека Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните.

„Достапноста на оваа мерка е многу едноставна за користење, бидејќи се употребува единствено мобилен телефон со кој преку апликација се скенираат фискалните сметки кои ги добиваат граѓаните при купување или користење на некоја услуга. Преку оваа мерка, на крајот на годината во семејниот буџет влегува уште еден доход плус, а државата враќа 50 милиони евра назад кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките кои значат економски раст, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард на сите“, велат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК