Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: 19 земји членки го ратификуваа Протоколот, со забрзано темпо се движиме кон НАТО

Продолжува напредокот кон полноправно членство во НАТО алијансата откако унгарскиот парламент едногласно со 153 гласа „за“ го ратификуваше Протоколот за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз, велат од владејачката СДСМ.

Од таму додаваат дека досега 19 од 29 држави го ратификувале Протоколот и дадле зелено светло за пристапување на државава во алијансата.

„Темпото со кое државите-членки го ратификуваат Протоколот потврдува дека наскоро нашата држава станува 30 земја членка на НАТО. Се остварува децениски национален и државен интерес. Приклучувањето во НАТО покрај безбедноста и сигурноста, носи и економски придобивки, повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард“, се нагласува во соопштението на СДСМ во кое се додава дека како државотворна и одговорна партија тие остануваат посветени на остварување на врвните национални и стратешки интереси.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК