3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: За пет месеци власта реализирала само 13,7 отсто капитални инвестиции

Во Македонија под власт на СДСМ ништо не се гради, нема инвестиции, нема проекти. За првите пет месеци од годинава се реализирани само минорни 13,7 отсто капитални инвестиции, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата нагласуваат дека од парите кои власта предвидела дека ќе ги инвестира во капитални инвестиции за сите 12 месеци, за 5 месеци потрошила само 13.7 отсто. Ова значи, велат од ВМРО-ДПМНЕ, дека неспособноста оди до таму што не можат да ги инвестираат парите кои сами ги предвиделе.

„Државата веќе две ипол години буквално стагнира. Ништо ново не е направено, а проектите ВМРО—ДПМНЕ кои беа во скоро готови едвај ги дозавршија. Ветувањата на Заев за 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта се испоставија како обични лаги. Со Заев и СДСМ зборот не важи, туку лажи“, смета опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека задолжувањето е големо, долгот вртоглаво расте, а пари кај граѓаните има се помалку.

Спонзорирано: