Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата му додели помош од 1,5 милион евра на Државниот студентски дом „Скопје“

Владата на редовна седница донесе одлука за доделување средства на Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје. Со оваа одлука на Државниот студентски дом „Скопје“ му се доделуваат вкупно 94.109.521,00 денар или приближно 1,5 милион евра од буџетот за 2019 година. Средствата се наменети за намирување на трошоците за тековно работење во однос на режиски трошоци за потрошена електрична енергија, парно/мазут, комунална хигиена и вода.

„Станува збор за средства што Државниот студентски дом ‘Скопје’ не може да ги предвиди и планира од сопствениот буџет, со оглед на состојбата во која се наоѓаа сите студентски домови предходните години. Ова е трета финансиска помош од Владата и со оваа поддршка Државниот студентски дом ‘Скопје’ го затвора долгот за режиските трошоци“, соопшти Државниот студентски дом „Скопје“.

Исто така, минатата недела Собранието го усвои и дополнувањето на Законот за студентскиот стандард, во кој, покрај режиските трошоци како досега, Владата може финансиски да помогне и кај другите трошоци, кои се однесуваат на исхраната и одржувањето.

Можеби ќе ве интересира

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

ДЕСК