Centar.mk
МОЗАИК

Во Јапонија за 9 долари можете да изнајмите човек што ќе ги слуша вашите лелекања

Јапонецот Таканова Нишимото (50) го почнал овој необичен бизнис во 2012 година во своето родно Токио, каде што го води онлајн-сервисот Ossan Rental.

Преку овој сервис за 1.000 јапонски јени или околу 9 долари можете еден час на некого да му се жалите, доверите, лелекате, да разговарате за вашите проблеми и тешкотии. А исто така можете и да се советувате.

Целта на Нишимото првично беше да ги слуша луѓето од средна возраст во Јапонија, кои честопати ги исмеваат поради пивските стомаци, губењето на косата и нехигиенските навики. Како што вели, неговата намера била да ги разбие сите негативни стереотипи. Сепак, неговиот сервис денес го користат сите генерации и изгледа дека сите имаат на нешто да се пожалат.

„Мислев дека најмногу ќе ми се јавуваат мажи, но сепак тоа се жени на возраст од дваесет до педесет години“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Италијански регион нуди бесплатно сместување десет години

ДЕСК

ПАРИТЕ И СРЕЌАТА ИМ СЕ НАСМЕВНУВААТ – Два хороскопски знаци ги очекува посебна втора половина на ноември

ДЕСК

РЕНОВИРАЛ КУЌА И ОТКРИЛ ИСТОРИСКО БОГАТСТВО – По десет години му следуваат над милион евра

ДЕСК