Секогаш во средиштето на збиднувањата...

РЕЦЕПТИ: Грчки намаз за добри утра

Доколку никогаш не сте ја пробале познатата Тиро салата, поточно грчки намаз од сирење, ова е вистински момент да издвоите пет минути од времето за совршен доручек!

СОСТОЈКИ:

300 грама фета сирење, 3 чешни бел лук, лута пиперка, маслиново масло, бибер

ПОДГОТОВКА:

Белиот лук изгмечете го така што ќе се претвори во паста, а потоа додадете го сирењето кое претходно добро го изгмечивте со вилушка. Во смесата ставете ситно сецкана свежа лута пиперка, додајте бибер и маслиново масло и добро измешајте.

Добиената смеса оладете ја во фрижидер. Намачкајте запечен багет или тост леб со подготвената смеса.

Во тренд…