15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАИЗБОР

РЕЦЕПТ: Толку вкусно домашно мачмалоу не сте пробале

Мачмалоу, еден од слатките симболи на нашето детство кој и денес радо би го изеле. Што ако ви кажеме дека можно е да направите домашна верзија од овој популарен десерт, кој е подобар дури и од оригиналот?

Пробајте, нема да се каете.

СОСТОЈКИ:

– 12 лажици кристал шеќер, 12 лажици шеќер во пра- 1 кеса ванилин шеќер- 3 капки екстракт ванила- 5 лажици ладна вода- 7 јајца- половина шолја масло- 10 лажици шеќер во прав- 7 рамни лажици брашно- 2 кеси бурбон ванилин шеќер- 3 рамни лажици квалитетно какао- половина кеса прашок за пециво- 1 шолја топло млеко- 80 грама маргарин/путер- 100 грама чоколадо- Неколку капки масло

ПОДГОТОВКА:

Најпрво подгответе го бисквитот и тоа така што ќе ги одделите белките од жолчките. Белките оставете ги во фрижидер, додека го подготвувате бисквитот. Земете ги жолчките, додајте кеса ванилин шеќер, масло и 10 лажици кристал шеќер. Матете со миксер додека се` фино не се соедини.

Брашното измешајте го со прашок за пециво и какао. Соединете ја таа мешавина со јајца и млеко и се` разматете, но овој пат со лажица, не со миксер. Излијте ја смесата во тепсија која претходно добро сте ја намастиле и испечете во добро загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Додека бисквитот се пече, направете фил: прво добро ќе ги разматите белките така што ќе се направи цврст снег. Постепено додавајте шеќер и продолжете со матење. Во сад со пет лажици ладна вода додајте 12 лажици шеќер во прав и екстракт од ванила, па загревајте додека не се направи сируп.

Добиениот сируп полека додавајте во белките и продолжете со матење. Печениот бисквит извадете го од рерна и премачкајте го со белиот фил, оставете го во фрижидер на два часа. Растопете чоколадо со маргарин или путер, додајте масло и оставете да се олади.

Мачмалоуто извадете го од фрижидер. Можете да го исечете како колач или со чаша. Прелијте ги колачите со чоколадната глазура и повторно вратете ги во фрижидер.

Фото: Pixabay

Можеби ќе ве интересира

Сода бикарбона – едноставен сојузник за здрава градина и свежи плодови

ДЕСК

Дали сте шокирани од цената на црвеното месо? Овие три намирници се добри замени за протеини

ДЕСК

Колку време навистина може да ги чуваме јајцата во фрижидер?

ДЕСК