Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Внимавајте: Во храната има емулгатори кои му штетат на вашето здравје – еве кои се штетни

Се` поразновидната понуда на прехранбени производи се темели токму на примената на адитиви: без засладувачи и емулгатори не би имало „лајт“ производи, топено сирење не е можно да се произведе без емулгаторски соли, а полуготовите и готовите јадења без средства за конзервирање, антиоксиданси, стабилизатори и други додатоци.

Емулгаторите се интегрален дел од произдството на храна, па може да се најдат во многу артикли.

Се користат за производот да има попривлечен изглед и вкус. Емулгаторите најчесто ги има во слатките, грицките, газираните пијалоци и конзервираните производи.

Ова се адитивите на кои треба да внимавате поради нивната штетност:

E 102, татразин: Жолта боја, која може да предизвика алергија кај лицата кои се алергични на Аспирин. Нуспојави: отежнато дишење и црвенило на кожата. Се наоѓа во речиси сите сосови.

E 104, жолта боја: Забранета во САД, поради сомнеж дека е канцерогена

E110, портокалова боја: Испитувањата на животните покажале висока зачестеност на тумор на бубрезите, а алергијата на таа боја може да се појави како црвенило и астма.

E122, азорубин: Црвена боја која предизвикува алергиски реакции како E 110.

E 123, амарант: Црвена боја честа во аперативните вина. Испитувањата на животните покажале дека може да предизвика таложење на калциум во бубрезите. Во САД е забранет поради канцерогеност. На него внимавајте. Го има во гумени бомбони, чоколадни бомбони, пудинг со шлаг во пластични чаши, топени сирења….

E 127, еритрозин: Црвена боја неретко состојка на коктелите од вишни и цреши.

E 142, Зелена боја за која постои сомнеж дека поттикнува развој на Алцхајмерова болест.

E 284, борна киселина: Се таложи во организмот и може да предизвика оштетување на внатрешните органи. Засега е состојка само во кавијарот.

E385, Обично се наоѓа во стаклени и конзервирани овошја и во риби. Може да го оштети метаболизмот.

E 425, E 512, E 621, E 999, E 1520 се останатите штетни емулгатори.

А ова се додатоци кои не се штетни:

E100, 101, 103, 104,105, 111, 121, 130, 132, 140, 151, 152, 160, 161, 162, 170, 174, 175, 180, 200, 201, 202, 203, 236, 237, 238, 260, 261, 263, 270, 280, 281, 282, 290, 300, 301, 303, 305, 306, 307, 308, 309, 322, 325, 326, 327, 331, 332, 333, 334, 335, 336, 337, 382, 400, 401, 402, 403, 404, 405, 406, 408, 410, 411, 413, 414, 420, 421, 422, 440, 471, 472, 473, 474, 475, 480.