22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Со оваа постапка лесно и природно отстранете ги митесерите од лицето!

Речиси секој се соочува со митесери во некој дел од животот. Тие ни малку не се привлечна појава. Најчесто го зафаќаат подрачјето на носот, брадата и челото. Сепак, на носот (речиси секогаш) се најмногу сконцентрирани, а прикривањето со пудра и коректор не е решение.

Еве неколку начини како да ги отстраните – на природен и многу лесен начин…

Пред се, потребно е да ги отстраните мртвите клетки на кожата кои митесерите ги држат заробени во порите. Како би успеале во тоа, направете пилинг за лице, најмногу обраќајки внимание на зафатеното подрачје.

Навлажнете го лицето, ставете малку пилинг смеса по избор (може талог од кафе) и триете го зафатеното подрачје со чиста фротир нараквица, со кружни движења пет до 10 минути. Измијте се.

Потоа, ставете сад со врела вода (може и камилица), ставете ја главата над садот, а на главата ставете крпа, така што пареата ќе оди кон вашето лице. На тој начин ќе успеете да ги отворите митесерите (оваа постапка трае околу 10 минути).

Потоа направете маска за чистење пори:

– 4 лажици сода бикарбона
– 1 филџан минерална вода

Добиената паста нанесете ја на лицето, избегнувајте го подрачјето околу очите и по 10 минути измијте се со топла вода.

Резултатите се видливи веднаш!

Лицето исушете го и нанесете хидратантна крема.