13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На Бранко Героски не му се заканил никој од партиското обезбедување како што тврдеше тој – СДСМ најави дека личноста која што му ја пишала пораката доколку биде член на партијата ќе биде разрешен

-Утрово дојде господин Геровски, имавме конструктивен разговор во однос на заканите кои што беа упатени до него, вчера вечер.

Секако, како одговорна партија, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се оградуваме и најостро осудуваме каков било обид за навреда или за спречување на изразување на слободна мисла на говор. Тоа не е наша вредност, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Наша програмска определба, наш принцип и наша вредност е да имаме овозможување на слободно изразување на волјата на говор, тоа и го правиме. За тоа доказ се и извештаите на “Репортери без граници” каде што Република Северна Македонија има раст од 15 места во истите тие извештаи.

Во разговор со господин Геровски, му дадовме информација дека не станува збор за партиско обезбедување. Во текот на денот, ќе видиме од базата на членовите дали станува збор за член на Социјалдемократскиот сојуз. Секако, доколку станува, согласно нашиот Статут во партијата соодветно ќе реагираме, рече Костадинов.

линк до видео: https://youtu.be/KCvF5HEQ4g0

Спонзорирано: