Centar.mk
ВО ФОКУСОТМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фрчат тужби за опозициски медиуми: Сите шпекулации за Кирацовски биле голема лага, а сега тој најави тужби

Неколку медиуми блиски до опозицијата се соочуваат со тужби за клевета и објавување на лажни вести, откако во изминатиот период намерно и тенденциозно пласирале лаги со кои му се наштети на угледот на поранешниот генерален секретар и актуелен пратеник од СДСМ, Александар Кирацовски.

Кирацовски кој беше еден од најжестоките борци за враќање на демократијата во времето на режимот, беше цел на оцрнувачки медиумски инжињеринг од страна на опозицијата, откако се покажа дека се’ било лага, тој се огласи во јавноста.

Во демантот на Кирацовски по објавите на опозициските медиуми за неговиот имот и неговите активности додека беше генерален секретар се вели:

– Ова е еклатантен пример за лиферување на лажни информации, груби измислици и инсинуации – тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири.

Сериозни медиуми ова не би си го дозволиле, а несериозните, како гореспоменатите, мора да сносат одговорност.

Наводите за споменатото возило се груба лага и клевета која лесно се докажува, во или вон судска постапка и е беспредметна за дискусија.

Од друга страна, фамозната “хациенда” е семејна куќа изградена од 2013\ 2015 год. (а НЕ кога јас сум на општествена функција) на локација која е еден век во сопственост на мојата фамилија, од секој аспект основана и пријавена во Антикорупциска комисија.

Ваквата зла практика на ширење на груби ЛАГИ на дрзок и безобразен начин дополнително ме мотивира, како пратеник во републичкото Собрание, да покренам сериозна иницијатива за законско решение со кое ќе се стави крај на создавањето на лажна претстава за реалноста.

Секоја информација ќе мора да се провери пред да се објави, а доколку се стори спротивното, одговорноста ќе биде повеќекратна.

Таквото законско решение е од интерес на граѓаните, затоа што тие одлучуваат и никогаш не смее да бидат доведени во заблуда од било какви “центри на моќ” чии што цели се спротивни од граѓанските.

И запомнете: 100 пати повторена лага станува вистина, но не посилна од 100 пати повторена вистина!, пишува Кирацовски.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК