Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Моторџија тешко повреден откако удрил во БМВ

Моторџија е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Битола. Како што информира полицијата, вчера во 14.40 часот на крстосницата од улиците „Новачки пат“ и „Шералти“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ-525“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(31) од Битола и мопед „jујинг-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(49) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК