Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија мотор и камион, двајца повредени во Скопје

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случи вчера во Скопје. Кaко што информира полицијата, во 13.45 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „виктори џиоти“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(36) од Скопје и мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(38) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, А.Б.(35) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј.. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК