Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Невреме во Македонија – еве каде наврна најмногу

Попладнево нашево подрачјето постепено потпадна под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која предизвика интензивни врнежи и грмежи. На повеќето места во земјава имаше пороен дожд, грмежи, силен ветер и силни електрични празнења, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

До 20 часот најмногу дожд наврна во Маврово, Крива Паланка, Демир Капија и Прилеп (25 l /м2 воден талог во Маврово, 18 во Крива Паланка, 13 во Д. Капија, 9 Прилеп, 8 во Скопје- Петровец, 6 Ѓуриште, 4 Скопје на Зајчев Рид, 2 Берово и 1 литар во Струмица).

Во текот на ноќта се очекува постепено стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК