Centar.mk
БИЗНИС

Кинезите се светски шампиони за плаќање сметки преку мобилен телефон

Повеќе од половина милијарда луѓе во Кина годинава ќе плаќаат преку своите телефони во продавници, кафулиња и ресторани, според истражувањето на Digital Outlook.

На кинескиот пазар за апликации за плаќање доминираат големите играчи Alipay и WeChat Pay, кои се широко прифатени од сопствениците на продавници, угостителите и потрошувачите.

Во земја каде што многу мали бизниси ги снабдуваат клиентите, користењето кредитни картички никогаш не било широко прифатено, што довело до тоа бизнисите да го префрлат готовинското плаќање преку мобилни апликации.

Сепак, вкупната годишна вредност на трансакција од корисник во Кина е пониска од онаа во САД, Обединетото Кралство и Франција.

Се проценува дека еден просечен кинески потрошувач ќе потроши околу 1.100 долари преку апликации за плаќање во 2019 година, потрошувачот во Велика Британија речиси 3.000, а во САД – 2.400 долари.

Можеби ќе ве интересира

Споделувајте по ваши правила со Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Нафтените гиганти го предупредуваат Трамп: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

C +

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ГРАТИС КЛИМА ИНВЕНТЕРИ: Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима – започнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена

ДЕСК