23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Убиената жена во Шутка го спасила сопругот, застанала пред него и била избодена до смрт

Скопјанец до смрт избоде своја братучетка во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, скопјанецот со нож го нападнал сопругот на братучетка му, но таа застанала пред него и го спасила, а таа била избодена во стомакот по што починала на самото место.

Убиството се случило вчеравечер околу 22 часот во куќа на улица Јуриј Розентал.

Според информациите на полицијата, најпрво настанала расправија и тепачка помеѓу братучедот на жената С.Х.(39) и нејзиниот сопруг С.Х.(37). Кратко после тоа, нејзиниот братучед заминал и набргу се вратил со нож во раката.

Тогаш повторно настанала расправија и за да не биде нападнат нејзиниот сопруг, А.Ѓ. (34) се испречила пред братучед ѝ, кој со ножот ѝ нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото.

Братучедот и сопругот биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, и двајцата биле пренесени во болница.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.