Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Демир Хисар и Крушево добиваат свои регистарски таблички со своја ознака: DH За Демир Хисар, KS за Крушево

Како што дознава Centar.mk веќе е донесена одлука за нови регистарски таблички со локални ознаки за градовите Крушево и Демир Хисар.

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општина Демир Хисар и општина Крушево и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата, дознава Centar.mk

Според нашите информации донесена е одлука за изменување на правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.

За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е KS, дознава Centar.mk.