24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Нашите преговарачи на тацна ѝ ја подаруваат македонската историја на Бугарија

Од Единствена Македонија на Јанко Бачев истакнуваат дека со неверување гледаат на барањата на бугарската страна во македонско-бугарската комисија за ревизија на историјата, кои, како што велат од оваа партија, стануваат сè поагресивни.

„Очигледно во комисијата од македонска страна има Македонци со изгубено национално чувство штом на тацна ѝ ја подаруваат на Бугарија македонската историја со признавањето на цар Самуил за бугарски цар, дека св. Климент и св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамките на бугарската црква и најново дека и Гоце Делчев е бугарски револуционер“, се наведува во партиското соопштение.

За Единствена Македонија е несфатливо, како што велат од таму, колку марионетската власт во Скопје може да избрише сè што е македонско и колку македонскиот народ е нем набљудувач на сопственото самоукинување.

„Новата легална власт на Единствена Македонија што доаѓа до крај ќе ја разјасни историската вистина дека дел од бугарското население е со македонско етничко потекло, дека во историјата повеќе бугарски влади, како и значајни државни институции во минатото, и денес ги раководат Македонци, а бугарскиот народ влече корени од татарско-монголската етничка група“, додаваат од партијата на Бачев, од каде што ги повикуваат македонските историчари да се охрабрат во рамките на преговорите со бугарските колеги.