24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удрил во дете на велосипед – седумогодишникот со тешки повредени пренесен во болница

На 12.06.2019 година во 09.35 часот на улица „Лески“ во Штип, патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(68) од Штип, удрило во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Штип.

Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Штип каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.