Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола на полицијата во Тетово

На 12.06.2019 година во периодот од 08 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

Со контролата биле опфатени 95 возила (ТЕ-75 и ГВ-20), додека кај 21 возило (ТЕ-14 и ГВ-7) биле утврдени различни неисправности. 12 од контролираните возила имале неисправни сопирачки (ТЕ-9 и ГВ-3 ), две (ГВ) уреди за управување, две истечена регистрација (ТЕ-1 и ГВ-1), три неизвршен технички преглед (ТЕ-2 и ГВ-1 ) и две возила (ТЕ) некомплетна опрема. Вчера, исто така, во Тетово санкционирани биле 29 погрешно паркирани возила, кои се подигнати од специјално возило „пајак“, а откриени се и пет возачи кои управувале беа возачка дозвола и три возачи-почетници, кои не се придржувале на законски предвидените ограничувања.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК